Промотер

Антониа Гиговска и Панчо имаат летен хит со мирис на – „Ванила“ (ВИДЕО)

Антониа Гиговска и Панчо имаат летен хит со мирис на – „Ванила“ (ВИДЕО)

Ова лето меѓудругото ќе носи и мирис на „Ванила“, зачинет со бранови љубов, како најава за нов, музички летен хит. Антониа Гиговска има нова песна токму со тој наслов – „Ванила“, за која е снимен и видеозапис кој на песната само и додава нота на шаренокликост и разиграност, доволни за да го збогатат и засилат впечатокот.

„Ванила“ е музичка ар ен би, поп-денс тема која звучи свежо, модерно и светски, а неа одново  ја потпишува братско-сестринската авторска двојка Лазар ( музика, аранжман, продукција) и Магдалена Ена Цветковски (стихови), чиј коавтор на текстот е Панчо (ДНК), кој е и специјален гостин во песната и видеото за „Ванила“.

Зад видеото пак, стои потписот на режисерот Даниел Јовески, што е дополнителна гаранција за успех на проектот, во кој уште покрај Антониа и Панчо се појавуваат и девојките од танчарската група Beatrix Crew.

Се’ на се’, „Ванила“ претендира да го обележи ова лето, кое дали по истата песна ќе се памти, не зависи само од песната и видеото, туку во многу нешта и од самата пејачка, а и од тоа како ќе биде изменаџиран целиот проект.

И медиумски и на терен – по клубовите, дискотеките, летните базени, плоштадите, летните фестивали… Секаде онаму, каде што се бара добра музика, за добра забава на младите.

Вака изгледа и звучи летната „Ванила“ на Антониа и Панчо: