Промотер

Анита Мицова го претстави „Еден ден“ (ВИДЕО)

Анита Мицова го претстави „Еден ден“ (ВИДЕО)

„’Еден ден’ е дел од албумот, ’Еден ден’ е дел од мене, поради ’Еден ден’ одлучив повторно да пеам, денес ми е за ’Еден ден’“… Вака Анита Мицова го претстави видеото за најновиот сингл од првенчето „Ти сум јас“, кое го објави минатата година.

Како и на останатите песни од албумот, автори на „Еден ден“ се Весна Малинова Бабамова (музика и текст) и Кирил Бабамов (аранжман), а на кларинет гостува Здравко Ангелов.

Талентираната стружанка, која веќе го подготвува материјалот за вториот албум на новиот сингл му даде едноставна, но впечатлива екранизација, соодветна за самата атмосфера на песната.

Како изгледа и звучи „Еден ден“, проследете во продолжение: