Промотер

Андријана Јаневска ја подотвора вратата на успехот во регионот со „Дај пољуби ме“ (ВИДЕО)

Андријана Јаневска ја подотвора вратата на успехот во регионот со „Дај пољуби ме“ (ВИДЕО)

Македонскат поп пејачка, виолинистка и музички педагог Андријана Јаневска по по подолго време има нова песна. Иако повеќе сконцентрирана на класичната музика и професорската работа отколку на сопствената кариера, на Андријана по цели 20 години опстојување на естрадата, по се’ изгледа конечно и се подотворија вратите за да направи нешто надвор од Македонија.

Иако важи за еден од најдобрите македонски женски вокали и дама со апсолутен слух, се чини како последниве години Јаневска како да немаше предизвик посериозно да се знаимава со естрадата и сопствената кариера во тој правец. Сепак, велат секој еднаш ги добива своите 5 минути, само траба да знае да ги препознае.

Дали понзнството и поканата да се проба себе си и своите вокално изведувачки квалитети да се обиде да ги пласира и на хрватскиот пазар Андријана ќе ги искористи за да направи поголем успех, допрва треба да видиме? Но, во секој случај и најголемиот успех започнува со првиот чекор, а нејзиниот се огледа во првата песна на хрватски јазик насловена „Дај пољуби ме“ (Дај бакни ме).

Спојот на нејзиниот прецизен вокал и виолината како базичен иструмент, кој се надодава на комплетната акустична слика во песната ( клавир, контрабас, тапани, виолина, виолончело…) создва една поинаква звучна перцепција како за она што до сега Андријана го изведуваше, така и за она што може да се слушне на хрватската сцена.

Темата „Дај пољуби ме“ како композитор и текстописец ја потпишува М.М. Вили, додека аранжманот  на Јосип Шукер, кој ги правел уште и миксот и мастерингот и се потпишува како музички продуцент заедно со композиторот, кој пак е и извршен продуцент на проектот.

Темата е визуелизирана со едноставно, нискобуџетно, но сосема коректно видео во функција на песната, кое го снимал, монтирал и режирал одново Јосип Шукер.

Како звучи дебитанстскиот обид „Дај пољуби ме“  за пробив на хрватската естрада на Андријана Јаневска проследете во продолжение: