Промотер

Андријана Јаневска и Игор Дурловски – „Заветна“ (ВИДЕО)

Андријана Јаневска и Игор Дурловски – „Заветна“ (ВИДЕО)

Оперскиот пејач Игор Дурловски и македонската пејачка Андријана Јаневска во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија ја препееја легендарната песна на Пепи Бафтировски, „Заветна“. Музика за оваа песна е на Миле Барбаровски, а текстот на Ѓорѓи Барбаровски. Новиот аранжман е на Јаневска, а песната е снимена во студиото Гиновски.
Пепи Бафтировски првпат ја запеја „Заветна“ во 1991 година, оригиналениот аранжман е на Миле Барбаровски.

„Предвечерие на 8ми септември. Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш“  – напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил, споделувајќи ја песната која ја исполнува заедно со пејачката Андријана Јаневска.