Промотер

Анастасија Аврамовска е нова тинејџ ѕвезда која веќе жнее награди со „Ти си мојот херој“ (ВИДЕО)

Анастасија Аврамовска е нова тинејџ ѕвезда која веќе жнее награди со „Ти си мојот херој“ (ВИДЕО)

Младата Анастасија Аврамовска, остави осбен впечаток на поп вечерта на неодамна  одржаниот фестивал „Охрид фест 2018“.

Внуката на нашиот истакнат македонски композитор и музички работник, академик Ристо Аврамовски, има претензии да го понесе приматот на нова музичка тинејџ  ѕвезда во Македонија.

Со учеството во различни детски хорови, почнува остварувањето на нејзиниот сон за градење музичка кариера, по што следуваат настапи награди на неколку меѓународни фестивали, учеството во „Кастинг талент шоуто“ и мјузиклот „посветен на Тоше Проески – „Тајно моја“ за годинава да дебитира во поп вечерта на „Охрид Фест 2018“ со песната „Ти си мојот херој“, која и донесе две за неа важни награди:  3-то место од жирито и 2-ро место од публиката.

Музиката на наградената песна ја потпишува Иле Спасев, додека стиховите се заедничко дело на композиторот и изведувачот -Иле и Анастасија, додека аранжманот го направиле повторно Иле Спасев и Андреј Иваноски („Сирилик“).

По успехот и наградите на „Охрид Фест 2018“, младата тинејџ ѕвезда полека ги  започнува и подготовките за престојниот „Макфест 2018“, каде со својот настап ќе ја промовира и својата втора авторска песна.

Во мешувреме погледнете го нејзиниот настап и изведна на наградената „Ти си мојот херој“ од поп вечерта на „Охрид Фест 2018“: