Промотер

„Ана“ го стопи заборавот на времето, па одново ги оживеа – „Суперхикс“ (ВИДЕО)

„Ана“ го стопи заборавот на времето, па одново ги оживеа – „Суперхикс“  (ВИДЕО)

„Суперхикс“ снимија нов музички спот за песната „Ана“.

Во спотот тие се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот каде што се поставени восочните фигури. Спотот е позитивен и разигран, а текстот певлив и инспиративен. Несомнено, оваа песна има  потенцијал да стане нов хит на скопската „банда инструментале“!

Целосната замисла на концептот за спотот е на Суперхикс, а е во продукција на „Фокус Покус Филмс“. Сценографијата е на Вања Бартлинг, со асистенција на Андреј Бартлинг, Димитар Јакимовски, Александра Петкова, Симо Бранов, Борис Минов. Костимографијата е на Жаклина Крстевска, а шминката која што ги долови восочните лица на членовите на Суперхикс е на Златица Поповска.

Режијата и монтажата на видеото е на Благоја Неделковски, како кинематографер се појавува Димо Попов М.А.К., а асистент на камера е Раде Гогоски. За светлото се погрижија Тоде Ивановски и Александар Бошев (Про Лајт), а целосната организација е на Никола Христовски и Методија Лазаревски.

Големи благодарности упатија до Никола од Ван Гог за учеството, идеите и мотивацијата кои што придонеле за успех на проектот, чие видео можете да го проследите во продолжение: