Промотер

Александра Јанева порачува – „Се одбирам себе“ (ВИДЕО)

Александра Јанева порачува – „Се одбирам себе“ (ВИДЕО)

Александра Јанева периодов е посветена на подготовката на деби албумот „Срце отвори“, а малку по малку дознаваме како ќе звучи ова долгоочекувано првенче на талентираната струмичанка, која речиси на секои три-четири недели ни претставува нова песна. Имено, Јанева годинава ја започна токму со насловната тема „Срце отоври“ по која следеше и нејзиниот „одговор“ а сега одлучи да ни ја претстави  „Се одбирам себе“.

Зад оваа емотивна балада застана интересна музичка екипа, односно музиката е дело на самата Александра, на Тино Стојановски и на веќе редовниот соработник Иле Спасев, кој се потпишува и на аранжманот и продукцијата, а стиховите се на нејзината колешка Јана Бурческа, додека во создавањето на песната учествуваше и хитмејкерот Роберт Билбилов, овој пат само како виолинист. Сето тоа визуелно го заокружија Пеце Здравковскии Ѓорѓи Вацев со продукцијата „Пинестел“, а покрај Александра, за чиј изглед се погрижи стилистката Милена Танаскоска, се појавува и Андреј Пајмакоски. 

Паралелно со подготовката на новиот албум, двократната победничка на „Макфест“ интензивно се подготвува и за своето прво евровизиско искуство во Тел Авив, каде што следниот месец ќе настапи како еден од придружните вокали на нашата претставничка Тамара Тодевска.

И додека ги очекуваме и сите детали за албумското издание, а дотогаш уживајте во најновото од Александра Јанева – „Се одбирам себе“: