Промотер

Александра Јанева одново слета како… „Комета“ (ВИДЕО)

Александра Јанева одново слета како…  „Комета“ (ВИДЕО)

Македонската поп пејачка Александра Јанева полека ја заокружува веројатно  најуспешната година во нејзината музичка кариера. Струмичанката навистина во 2019 имаше бројни успеси. Во еден период речиси секој месец исфрлаше нова песна, а секоја од нив беше забележана од публиката и радиостаниците. „Срце отвори“, „Одговор“, „Се одбирам себе“… допреа до слушателите па резултат на нивниот успех беше зголемениот број на настапи на пејачката, која годинава беше и дел од екипата придружни виокали на Тамара која го постигна најгоплемиот евровизиски успех досега за Македонија.

По летото и летните настапи на разните фестивали и плоштади низ земјава, Јанева одново слета како „комета“ на музичката сцена. Така е насловот на нејзината најнова песна, овој пат и стилски и какзвук малку поинаква и од различен автор.

Имено, музиката, аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Иванов – Ивајо, а стиховите за својата „Комета“ ги напишала самата пејачка.

Како и досега, новата песна е проследена со видеоспот, кој овој пат го направил Пеце Здравковски, а зад камерата бил Ѓорѓи Вацев и сето тоа го потпишува извесна „Пинестел продукција“.

Стилистот Милена Танаскоска водела сметка за тоа што ќе носи јанева во спотот, а физичкиот изглед на пејачката го разубавела екипата на студиото „Белеза“ од Битола.

Дали новата „Комета“ ќе ја вивне Александра Јанева уште повисоко на македонското музичко небо или ќе стане само уште една „ѕвезда што паѓа“ останува да видиме.

А вие, видете го спотот и преслушајте ја песната, па самите проценете: