Промотер

Александра Јанева го има вистинскиот „Одговор“ (ВИДЕО)

Александра Јанева го има вистинскиот „Одговор“ (ВИДЕО)

Александра Јанева вчера, 28 март 2019, со медиумската промоција на нејзината нова песна даде „Одговор“ на прашањето кога ќе се појави нејзиниот нејзиниот деби албум „Срце отвори“, кој ќе биде насловен по истоимената песна на пејачката објавена пред неколку недели.

Талентираната струмичанка за првпат се потпишува и како текстописец, а музиката ѝ е заедничко авторство со Тино Стојановски, додека аранжманот и продукцијата ги потпишува Иван Јованов – Ивајо.

Темата „Одговор“, со текстуално видео визуелно ја уобличле Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев од продукцијата „Пинестел“, додека стајлингот Александра и го препуштила на  Милена Танаскоска.

„Одговор“ доаѓа не само како најава за албумот, туку и како уште една вокална увертира на Јанева, која периодов се подготвува и за своето прво евровизиско искуство како еден од придружните вокали на Тамара Тодевска во Тел Авив, каде што во мај ќе ги брани боите на нашата земја со евровизиската „Proud“.

Првата авторска песна на двократната победничка на „Макфест“ проследете ја во продолжение како нејзина најава и „Одговор“ на се’ што и претстои  и ја очекува на музички план во блиска иднина: