Промотер

Александар Тарабунов – Тара ја претстави својата мала „Сењорита“ (ВИДЕО)

Александар Тарабунов – Тара ја претстави својата мала „Сењорита“ (ВИДЕО)

Пејачот Александар Тарабунов – Тара ја промовираше новата песна која го носи името „Senorita“ заедно сосе  видеоото за неа.

Музика ја потпишува самиот тој, текстот е дело на Луна Ристиќ, додека, пак, аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов со кого Тара соработува долги години наназад.

Видеото е снимено на неколку локации во Скопје и истотот го изработил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Стојановски – Зонде. Во кадрите на спотот покрај Тара се појавуваат и моделот Ивана Савовиќ, како и Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ.

„Долго време работевме на оваа песна и искрено се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној на кој е навикната македонската јавност да ме слуша, малку експериментиравме, внесовме нови елементи, нов призвук и мислам дека „Senorita“ е одлична увертира за она што допрва следува од мене“ – вели Тара.

За модните комбинации во видеото задолжена, била младата дизајнерка Наталија Терзијоска која што го потпишува брендот „Terziya“.

Во продолжение можете да го погледнете видеото кое што официјално Тара го претстави на бугарскиот Јутјуб канал, „Facing the sun“.