Промотер

Александар Тарабунов како латино љубовник во макфестовската „Би те одбрал само тебе“ (ВИДЕО)

Александар Тарабунов како латино љубовник во макфестовската „Би те одбрал само тебе“ (ВИДЕО)

„Би те одбрал само тебе“ пее Александар Тарабунов во фестивалската фламенко тема со која се натпреваруваше на годинашното, 33. по ред издание на  „Макфест 2018“, каде што во рамките на втората полуфинална вечер успеа какао 4. пласирана да влезе во финалето.

Интересно е што новиот потенцијален хит на Тара го потпишуваат неговите колеги: Тамара Тодевска, која стои зад музиката, и Роберт Билбилов, чиј потпис стои на стиховите и аранжманот на песната, што можеби и помалку невообичаено.

Сето тоа одлично го визуализирал режисерот Зоран Зонде Стојановски, кој стиховите и мелодијата ја преточи во латино филмска приказна која во многушто соодветствува со амбиентот и стилот во кој е направена самата песна.

Тарабунов пак, овој пат во стилот на „Џипси кингс“ уште еднаш ги потврдува своите несомнени вокални квалитети, на кои се надоврзуваат и танчарските движења и чекори на прекрасната танчарска двојка, како и актерскиот порив на пејачот, кои се исто така успешно имплементирани во видеото кое се надоврзува на мелодијата доловувајќи ја целата атмосфера.

Како изгледа и звучи Тара како латино љубовник, можете да дознаете ако одберете да ја проследите „Би те одбрал само тебе“ во продолжение: