Промотер

„Алегро“ знаат како се ужива на „Honeymoon“ (ВИДЕО)

„Алегро“ знаат како се ужива на „Honeymoon“ (ВИДЕО)

Струмичкиот бенд „Алегро“ на објави нова песна и  видео спот, со наслов „Honeymoon“. Песната е во ритамот на летото, а видеото е снимено на „Papua Beach“ во Калитеа, во Грција.

Миксот и аранжманот на овој летен хит се направени во студиото на Енцо Расимов во Белгија, а текстот е на Борче Нечовски.

Аце Гоцев од групата „Алегро“, ни најави уште два вакви видео записи за новите песни до крајот на летото.

Што се однесува до настапите во живо, летото веќе го поминуваат најмногу по свадби, а потоа заминуваат кај нашинците во Швајцарија, со викенд концерти во септември и октомври, додека во декември, цел месец ќе бидат во Германија.

Уживајте во новиот видео спот на момчињата од „Алегро“ – „Honeymoon“.