Промотер

Ај Кју одново разиграни во „Dancin’“ (ВИДЕО)

Ај Кју одново разиграни во „Dancin’“ (ВИДЕО)

Популарната македонска група „Ај Кју“  го објави и својот најнов сингл насловен „Dancin’“, со кој ќе се обиде да ја освојува светската сцена, особено откако ги освои срцата на европската публика со минатогодишниот евровизиски хит „Lost And Found“.

Станува збор за  денс-нумера која е одново комплетно авторско дело на Бојан Трајковски кое се лепи за уво уште при првото слушање, а сето тоа визуелно надополнето и разиграно, со шареноликото видео со потписот на Џејмс Галант.

Дуото периодов е зафатено со бројни гостувања низ Европа, а новиот сингл ќе имаат можност во живо да го слушнат и посетителите на евровизиските забави во Лондон и во Амстердам. Првата од нив е закажана токму за вечерва, 22 март, во Лондон, потоа на ред е „Амстердам колинг 2019“ (5 април), а уште еднаш во британската престолнина ќе настапат и на 14 април.

Како звучи и изгледа најновото од „Ај Кју“ проследете во продолжение.