Промотер

„Ај Кју“ имаат нешто важно да ви кажат – „Можам, но не сакам“ (АУДИО)

„Ај Кју“ имаат нешто важно да ви кажат – „Можам, но не сакам“ (АУДИО)

„Ај Кју“ продолжуваат да работат со полна пареа, па после одличните „Колку добро те знам“ и „Мојот крал“, песната која на годинашниот „МАРС 2017“ беше прогласена за радиски хит на годината изведен од група и која неодамна доби и англиска верзија, деновиве ја претставија и темата „Можам, но не сакам“.

Станува збор за уште едно авторско дело на Бојан Трајковски, кој ги потпишува  музиката и текстот, а за аранжманот му помогнал Дарко Димитров. Сето тоа е реализирано во студијата „Мјузик хаус“ и „Димитрови“, а како звучи можете да слушнете подолу.

Песната е четврт сингл од претстојниот, трет по ред студиски албум на групата, кој ќе го носи насловот „Сепак м и е забавно“. Изданието ќе излезе на 14 февруари 2018 година за етикетата „Краун рекордс“ со која „Ај кју“ потпиша договор за Европа и Северна Америка, а ќе го дистрибуира „Пивател дистрибјушн“ (Pivatell Distribution).

Освен новиот албум, чиј англиски наслов гласи „We Are Having Fun“, договорот вклучува и дистрибуција на претходните изданија во сите поголеми музички продавници. После промоцијата, групата за првпат ќе замине и на европска турнеја.