Промотер

Елена Јовческа со видео за „Не ме допирај“ (ВИДЕО)

Елена Јовческа со видео за „Не ме допирај“ (ВИДЕО)

Познатата фолкерка и гајдаџика која се повеќе станува препознатлива во овој музички инструмент, Елена Јовческа буквално нема слободно време за својот приватен живот.

Како што и самата вели, ниту дома нејзините не ја виделе заради нејзините бројни настапи, како низ Македонија, така и надвор од неа, особено кај нашинците во дијаспората, а најмногу во прекуокеанските земји.

Таа деновиве сепак најде време да сними и спот за новата песна “Не ме допирај” која е со збавен призвук и малку поинаква од она што сме навикнале досега како музички стил да го слушаме од Елена.

Прлепската фолкерка самата се јавува како комплетен автор ( музика и текст) на “Не ме допирај”, додека аранжманот на песната го направил Никола Кочанковски – Кочан.

Спотот е сниман на неколку локации во Охрид во соработка со ИН продукција, а во видеото Елена ги покажува сиот свој сексапил и телесни убавини во неколку кадри од видеото.

Комплетната креација и стајлинг во спотот се на реномираниот Алек Палада, а како звучи и изгледа Елена Јовческа  во „Не ме допирај“ проследете во продолжение.