Промотер

Виктор Апостоловски и порача – „Убиј ме“ иако ја има во срцето (ВИДЕО)

Виктор Апостоловски и порача – „Убиј ме“ иако ја има во срцето (ВИДЕО)

Виктор Апостоловски на својот 28-ми роденден го промовираше неговиот втор албум насловен  „Во срцето“. Во присуство на артисти, медиуми и пријатели Виктор ги испеа сите песни од албумот кој содржи 11 композиции.

Албумот е комплетно авторско дело на Апостоловски, а само за песната „Ни јас, ни ти“ во соработка е со Панче Касапски, Огнен Неделковски и Илија Ќосевски.

По минатонеделната промоција на својот втор албум „Во срцето“, Виктор Апостоловски сега го промовира и најновиот сингл насловен „Убиј ме“. Новиот видео запис на Виктор е снимен во бодибилдинг и фитнес клубот Магнус и Визура Хоум.

Камерата е на Синиша Ќирковиќ – Сики и Влатко Симоновски, како главна улога во спотот се појавува кик бокс шампионката Викторија Варадинова.

Како и на останатите 10 песни на албумот, така и на оваа комплетен автор е самиот Апостоловски, кој самиот си го режираше и видеото, а на гитара му гостува колегата и сограѓанин Влатко Симоновски. Како изгледа и звучи „Убиј ме“ дознајте во продолжение.