Промотер

Tripnotic – „The Struggle“ (АУДИО)

Tripnotic – „The Struggle“ (АУДИО)

Македонскиот електронски музички проект „Трипнотик“ зад кој стои продуцентот и диџеј Емил Хаџи-Панзов, го објави своето ново ЕП насловено „Survivor“. Изданието е следбеник на популарниот сингл „Trip Naughty“ што доживеа и меѓународна клупска и радиска поддршка.

Судејќи според првичните реакции, се чини дека и новото издание на „Трипнотик“ го очекува сличен успех. Носечката песна „The Struggle“, веќе доби поддршка од неколку култни имиња од светската електронска сцена, кои песната ја пуштаат во своите радиоемисии и диџеј-сетови.

Покрај „The Struggle“, на изданието се наоѓаат и инструментална верзија на песната наречена „Diablo“, како и амбиенталната тема „Bleed On“. ЕП изданието „Survivor“ ќе биде достапно преку сите релевантни дигитални сервиси за симнување и стриминг на музика.