Промотер

Огнен Здравковски ги вметна убавините на Охрид во „Разбуди ме“ (ВИДЕО)

Огнен Здравковски ги вметна убавините на Охрид  во „Разбуди ме“ (ВИДЕО)

Огнен Здравковски го претстави видеото за својата нова песна насловена „Разбуди ме“, која е авторско дело на композиторот Григор Копров, аранжерот Владимир Дојчиновски и текстописецот Огнен Неделковски. 

Снимена во прекрасниот Охрид, визуализацијата ја реализираше продукцијата „НТ ентертејнмент“, под режисерската палка на Ненад Јаковљевиќ, а на Огнен друштво му прави колешката Анастасија Аврамовска, чија кариера исто така е во нагорна линија.

„Ииии драги пријатели со голема чест и задоволство ви го претставувам мојот нов спот за песната “Разбуди ме”. Слушнете и погледнете, се надевам дека ќе ви се допадне!“ – напишал Оги претставувајќи го видеото на социјалните мрежи.

Младиот пејач, кој со темата „Солза“  настапи на неодамна одржаниот „Макфест 2018“, викендов настапи и на фестивалот „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои наградата за најдобра сценска изведба.

Наградата ја доби токму за изведбата на темата „Разбуди ме“, а како изгледа нејзиното официјално видео дознајте во продолжение.