Промотер

„4U Band“ од Кавадарци со прва авторска песна и видео запис (ВИДЕО)

„4U Band“ од Кавадарци со прва авторска песна и видео запис (ВИДЕО)
фото:принтскрин/јутјуб

Младите момчиња од „4U Band“ од Кавадарци ја објавија нивната прва авторска песна и видео запис, насловена „Дај Замижи“.

Се работи за тројца млади момчиња Борис Илов – гитара и вокал, Борис Грков – гитара и Оливер Миленковски – кахон.

Тие досега само преработуваа песни, а сега  ја објавија својата прва авторска песна чија музика и текст се на Борис Грков, аранжнанот е заеднички на сите од групата, како и на Столе Аврамов кој исто така ги снимаше и правеше микс и мастеринг во своето студио,а познатата поп-пејачка и нивна сограѓанка Наташа Малинкова ги отпеа придружните вокали.

Видеото пак е во исработка на „Бајка“.