Промотер

„2бона“ и Слаткаристика одново заедно во „Главо луда“ (ВИДЕО)

„2бона“ и Слаткаристика одново заедно во „Главо луда“ (ВИДЕО)

Македонската хип-хоп, треп и РНБ група „2бона“ заедно со нивниот несуден ментор Марко Маринковиќ – Слаткаристика пред неколку дена ја издадоа песната „Главо луда“ за музичката продукција „Two louder“.
На почетокот на песната, членовите на популарниот бенд, Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито, вметнаа еден дел од песната „Главо луда“, изведена во оригинал од легендарниот Здравко Чолиќ.

Менаџментот „Трипл М“ од Швајцарија, кои под своја закрила ги имаат едни од најпознатите рап и фолк-пејачи, претходно побараа дозвола од авторот на некогашниот хит на Чола од седумдесеттите години за да користат дел од  стиховите за нивниот проект.

Автор на песната е Душко Трифуновиќ, кој за жал почина пред неколку години. Неговите авторски права ги наследи неговиот роднина, кој има право да ги продава, подарува и прави што сака со неговите песни. Откако му била испратена е-пошта со барање за дозвола, тој го одобрил користењето на правата.

„Тоа е вистина. Во песната се пеее и споменува делот „Главо  луда“, кој звучи многу моќно. Ги добивме сите права да го користиме, се надеваме дека песната ќе и се допадне на публиката. Имајќи предвид дека песната е објавена само пред некој ден, ние сме многу задоволни од бројот на прегледи на Јутјуб, како и од пофалбите што ги добиваме од ден на ден, од минута во минута“ – рекоа Марио и Антонио.

Слушнете како звучи новата песна на скопските трап/хип-хопери кои заедно со Слаткаристика се автори на музиката и стиховите, додека видеото за „Главо луда“ го реализирал Дарко Манасиевски – Желе: