Промотер

„2 бона“ ја опишаа „горе-доле“ нивната еротска „Бела ноќ“ (ВИДЕО)

„2 бона“  ја опишаа „горе-доле“ нивната еротска „Бела ноќ“ (ВИДЕО)

Хип-хоп, рап и ар-ен-би дуото „2 бона“ кое се појави за прв пат на музичката сцена во 2015 година, деновиве ја претстави својота нова тема насловена „Бела ноќ“. Ова е нивна втора песна за нешто повеќе од еден месец, по соработката во темата  „Дијамнати“ со „Слаткаристика“.

Овој пат се работи за тема во која членовите на дуото – Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито се сами изведувачи, додека музиката е авторско дело на Иван Јованов – Ивајо, кој заедно со Кун го направил и миксот и мастерингот на песната која звучи прилично трендовски, модерно и продукциски издржано, иако…

Едноставното видео чија визуелизација повеќе наликува на туристичка разгледница и баш и не ја следи приказната од „Бела ноќ“ се појавуваат само членовите на дуото, без статисти, модели, секси девојки, скапи автомобили, урбан декор… А, приказната е одново иста, прилично преџвакана, безброј пати веќе слушната и видена: акт на секс, опијати, алкохол… Далеку од здрав разум, камо ли од здрав живот, иако во спотот има само природа и нивните два лика: Кун и Тонито, снимени со камера и кадрите од дрон на Денис Хајдаревиќ, а сето тоа потпишано од видеопродукцијата „God Eye Production“.

Во продолжение проследете ја „Бела ноќ“ на „2 бона“ па од слушнатотоо и виденото и самите извлечете заклучок за кажаното: