Промотер

„Funk Shui“ со „Метеори“ до ѕвездите (ВИДЕО)

„Funk Shui“ со „Метеори“ до ѕвездите (ВИДЕО)

„Funk Shui“, имаат нова песна, која всушност претставува сингл – првенец  кој го најавува новиот албум кој следи. Темата која носи наслов  ,,Метеори” беше уште кон крајот на мај промовирана на каналите на групата и на социјалните и музичките платформи (spotify, deezer, apple music, google play, itunes, pandora, tidal).

Веќе на почеток од  месец јуни се искачи на музичките топ листи, станувајќи воедно и песна на неделата на хрватскиот влијателен портал muzika.hr.

Музиката и стиховите на темата „Метеори“ ги потпишуваат колективно членовите самиот бенд. Продукцијата е задничка со Бен Милчев, кој и ја миксал песната. Бендот го потпишува и видеото на песната, а зад камерата при снимањето стоел Борис Ралев, додека фото сетот го изработила Александра Костадиновска.

„По периодот кој наложи пауза во медиумскиот етер, земајќи ја во предвид сериозноста со ширењето на  коронавирусот, конечно сите се почувствувавме подготвени да ги споделиме нашите лични искуства од периодот од последните две години. Со тоа сакаме да им понудиме свежина на нашите досегашни, а воедно и идни слушатели, музика и оние кои ја споделуваат страста за музика, ум и чекорите напред. Посветено на сите кои немаа избор и оние кои се борат силно за животот на другите“ – велат членовите на групата споделувајќи ја новата песна „Метеори“ со музичките сладокусци.