Книгата за деца „Мистериозното јајце“, од авторот и илустратор Оливер Коларевски ќе биде промовирана вечер во книжарницата „Литература.мк“.
Коларевски беше еден од победниците на конкурсот за илустратор на бајки за деца што го организираше здружението за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“. Книгата е преведена и издадена и на Англиски јазик.
Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, писател и уредник на литература за деца и млади во Арс Ламина публикации.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.