Мегафон
23-ти, 24-ти и 25-ти ноември 2021

Прогласена тридневна жалост во Македонија

Прогласена тридневна жалост во Македонија

Владата на денешната вонредна седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава, за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 45 македонски државјани.

За денови на жалост се прогласени 23, 24 и 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.