Живот и Стил

Пробајте италијанско афогато – летна верзија на еспресо

Пробајте италијанско афогато – летна верзија на еспресо

Веројатно не можете да замислите утро без кафе, било да е тоа обично турско кафе или еспресо. Сепак, во текот на топлите летни денови, топол пијалок не е најдобриот избор. Решението е италијанско афогато.

Италијанците прават афогато со еспресо, но доколку немате машина за кафе, овој пијалок ќе можете да го направите со обично кафе. Тоа не е она што Италијанците го замислуваат, но исто толку ќе уживате.

Потребни состојки:
– еспресо, но доколку немате апарат за еспресо, може и силно кафе;

– две топки сладолед од ванила.

Начин на подготовка:
Направете го еспресо кафето. Во шолја ставете две топки сладолед од ванила и прелијте ги со еспресо, така што сладоледот ќе почне да се топи и ќе добиете неодолив, кремаст и освежувачки пијалок.

точка.ком.мк