Радио Милева
штркот пак ќе долета

Принова во семејството на „министерот за одбрана“: Нина е бремена, Борко Ристовски ќе стане татко по втор пат (ФОТО)

Принова во семејството на „министерот за одбрана“: Нина е бремена, Борко Ристовски ќе стане татко по втор пат (ФОТО)

Македонската ракометна легенда, голманот  Борко Ристовски наскоро ќе стане татко по втор пат.

По малото синче  Душан, „министерот за одбрана“ како што го нарекуваат навивачите со својата сопруга Нина го очекуваат своето второ дете.  Убавата вест дека „штркот по втор пат ќе долета“, ја објави  таа амата со фотографија од плажа на која веќе се забележува нејзиното поднараснато трудничко стомаче.

„Мајка на 2 (лавчиња исцртани со емотикони)“, напишала сопругата на Борко. Полот на бебето се’ уште не го откриваат, а веројатно и за името е рано, иако според најавата, ако може да се претпостави,  симболот на лавчињата можеби упатува на две машки деца, што значи дека и второто ќе биде – син?

Сепак, што и да е, бебето нека е само живо и здраво, а кога ќе дојде редот да ја задогледа виделината на денот, породувањето на мајката лесно и регуларно!

Фото: Инстаграм принтскрин/ninaristovska

Останати вести од Радио Милева