Мегафон
концерт

Принцот на севдахот Божо Вреќо ќе креира магија во Филхармонија заедно со Оливер Јосифовски

Принцот на севдахот Божо Вреќо ќе креира магија во Филхармонија заедно со Оливер Јосифовски

Божо Вреќо на 1 ноември на концертот во Филхармонија повторно подготвува незаборавно доживување за сите чула. Меѓу музичарите кои ќе го следат неговиот перформанс, а се од повеќе европски држави, ќе биде и басистот и композитор Оливер Јосифовски. Единствен спој на лирскиот тенор од Сараево и со овие креативни музичари, според Јосифовски ќе приреди уникатно музичко битисување на кое со воодушевување реагира публиката во регионот, но и во повеќе европски држави. Концертот во Филхармонија почнува од 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба преку онлајн системот karti.com.mk. Јосифовски, кој со Вреќо настапувал на дел од концертите вели дека во Скопје треба да се подготвиме за уникатно доживување на еден креативен ексцентрик кој е фантастичен музичар.

„Божо го познавам околу 5 години, но многу подолго го следам како артист. Се запознавме преку Васил Хаџиманов, како со артист со кого ја делиме страста за музиката од нашето поднебје. Тогаш организирав еден музички настан, Музика од светот, и Божо имаше прекрасен настап и неверојатна комуникација со публиката, која се воодушеви и од веќе препознатливити севдалинки, но и од неговите авторски дела. Има многу оригинален пристап и израз на босансаката традиционална севдалинка, што е издаден до совршенство. Комплетен автор за кој сум сигурен дека има такви вокални способности што минимум 120 минути акапела( соло концертирање) може публика да анимира, без да трепне со око, а да го задржи тој оригиналн пристап. Во Скопје очекувам уште едно совршенство. Ќе бидеме музичари од повеќе држави, и тоа ќе биде микс на музика со интернационален спој, со арт перформанс кој навлегува во џезот,фламенкото, балканската музика и други музички жанрови, а сепак е авторски перформанс со сопствен музички печат“, вели Јосифовски.

Вреќо градејќи го сопствениот уметнички израз, успешно соработува со исклучителни музичари со светска слава, меѓу кои се Един Карамазов, Мирослав Тадиќ, Васил Хаџиманов. Францускиот АРТЕ, американскиот Њујорк Тајмс и шпанскиот Ел Периодико Вреќо го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“, а неговиот пристап и уметнички израз го опишуваат како катарзичен, трансверзален и единствен. Уметникот преку својот ангелски кастрато глас ги доловува најдлабоките емоции со кои секој може да се идентификува, претворајќи го перформансот во магично доживување. Внесува многу труд и љубов во музиката, но и во истражувањата на балетот и операта, како и во документарните филмови за севдалинката, која ја збогатува со својот авангарден пристап. Тој го проучува и мистицизмот на балканската автохтона монофонична и полифона музика. Дуалитетот со кој зрачи овој извонреден уметник го прави еден од најзначајните толкувачи на модерната карасевда, која жанровски навлегува во сферата на џезот, блузот, духовното и полифонијата.

Неговите концерти се целосен суфиски транс кој ги ослободува сите потиснати емоции кај луѓето и на тој начин предизвикува солзи на концертите Моментално работи на филмска музика за ладино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, Малдича, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“, продуциран и режиран од Канаки филмс и продукцијата Медикус Мунди од Мадрид и Барселона. Карти може да купите на Karti.com.mk.