Радио Милева

Пријовиќ се смести во султановата палата на Босфорот: За една ноќ искешира брдо пари (фото)

Пријовиќ се смести во султановата палата на Босфорот: За една ноќ искешира брдо пари (фото)
фото:александра живојиновиќ/инстаграм

Популарната српска пејачка Александра Пријовиќ –Живојиновиќ (24) престојуваше во Турција во еден од најлуксузните хотели во Истанбул, каде за една ноќ плати огромна сума пари.

Александра во Истанбул беше во палатата Кираган Кемпински, лоцирана на Босфорот. Изградена е помеѓу 1863 и 1868 година и беше последната султанска палата подигната во Отоманската империја.

фото:александра живојиновиќ/инстаграм

Ако погледот од собата гледа на паркот, треба да потрошите помеѓу 250 и 320 евра за една ноќ. Ако прозорците гледаат кон Босфорот, цената е помеѓу 800 и 1.000 евра за ноќ.

Пејачката на својот профил на Инстаграм објави фотографија од терасата, а јасно може да се види дека таа била во стан со поглед на Босфор.

фото:александра живојиновиќ/инстаграм

Судејќи по објавите на социјалните мрежи, на пејачката и се допадна амбиентот, па деталите ги сподели со своите следбеници.

Останати вести од Радио Милева