Свадбата на српската пејачка Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе се случи на 21-ви јуни претстојното лето.
Околу оваа српска свадба се крена голема прашина, а сега Александра за српскиот магазин Hello, открива дека ќе промени важен дел за себе по кој ја препознава публиката.
Имено, на насловната страна на најновиот број осамна фотографија на која таа позира со својот свршеник, а во насловот стои дека со венчавката таа го промени своето презиме.

Па така, иако сите ја препознаваат како Пријовиќ, пејачката веројатно ќе ја испочитува старата традиција и ќе го земе презимето на сопругот.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.