Мегафон

„Пријателство“ нов албум на Трпчески за британски „Лин Рекордс“

„Пријателство“ нов албум на Трпчески за британски „Лин Рекордс“

„Лин рекордс“ денеска го објави најновиот албум на македонскиот пијанист Симон Трпчески, насловен „Пријателство“ (Friendship), кој е достапен на дигиталните мрежи за преземање.

-На албумот се наоѓаат „огнениот Квартет за пијано на Брамс бр. 3 во Це-мол, фантастичниот нов аранжман на прекрасното „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет во три става на Панде Шахов“, информираат од КултурОп прес.

Како што се наведува во денешното соопштение, нашиот пијанист во моментов е во Соединетите Американски Држави. Таму го очекува серија концерти, што ќе стартува во Денвер.

– Исполнетиот распоред до крајот на мај го води и во Сараево, Целје, Билбао и во Женева, се додава во соопштението на КултурОп прес.

Извор: МакПрес

Останати вести од Мегафон