Радио Милева
мали сигнали?

Пријателство или нешто повеќе? Нина Бадриќ уловена во прегратките на овој српски бизнисмен (фото)

Пријателство или нешто повеќе? Нина Бадриќ уловена во прегратките на овој српски бизнисмен (фото)

Нина Бадриќ уловена е на една приватна забава во прегратки на наследник од семејството Кариќ.

Откако Нина стави крај на бракот со Бернард Крсниќ ја крие својата приватност од очите на јавноста. Иако е отворена и секогаш подготвена да зборува за својата кариера, таа го крие љубовниот статус.

Овој пат, Бадриќ беше уловена во прегратка од бизнисменот Југослав Кариќ, кој неодамна се разведе од Елена Кариќ, ќерката на креаторката Верица Ракочевиќ.

Во текот на претходната година се шпекулираше дека Нина и Југослав ја кријат својата романса, но тие никогаш не потврдија дека се заедно.

Сопругот на Даниела Кариќ, Иван на својот „Инстаграм“ објави видео на кое танцуваат Бадриќ и Кариќ, а таа го сподели на нејзиниот профил.

Југослав пред неколку дена се појави на настап на Нина во еден белградски ресторан, а кога  пејачката го видела му посветила песна и тој се качил на сцената да танцуваат.

Останати вести од Радио Милева