Радио Милева
скапоцен подарок

Прија не штедела пари за роденденот на Филип: Пејачката за подарок искеширала 34.000 евра?! (ФОТО)

Прија не штедела пари за роденденот на Филип: Пејачката за подарок искеширала 34.000 евра?! (ФОТО)

Филип Живојиновиќ го прослави својот 36 -ти роденден, а неговата сопруга, пејачката Александра Пријовиќ, не штедела кога е во прашање подарокот за нејзиниот сакан.

Имено, како што се наведува, Александра му подарила на Филип скап часовник од луксузната марка „Ролекс“ за оваа пригода.
На официјалната веб -страница, овој часовник чини околу 34.000 долари.

Инаку, Филип е љубител на луксузни часовници, па неговата сопруга Александра не сакала многу да експериментира и прва му го честитала на полноќ роденденот и му подарила вреден подарок. Роденденот го славеа во нивниот омилен ресторан, а  ним им се придружија и блиски пријатели.

„Среќен роденден љубов моја“ – напиша пејачката и објави заедничка фотографија со нејзиниот сопруг. На честитките наскоро им се придружи и Лепа Брена, која објави серија семејни фотографии на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijovic/lepabrena

Останати вести од Радио Милева