Радио Милева
како друг човек

Претерал со ботокстосот или пластичните операции?: Сајмон Кауел е непрепознатлив (фото)

Претерал со ботокстосот или пластичните операции?: Сајмон Кауел е непрепознатлив (фото)

Британскиот водител, продуцент и претприемач, Сајмон Кауел ги загрижи своите обожаватели и следачи со неговото „ново“ лице. Имено, многумина забележаа дека тој можеби претерал со ботоксот и / или пластичните операции.

На официјалниот Твитер-профил на британското натпреварувачка ТВ-емисија „Суперталент“ е објавено видео на кое водителот ги повикува луѓето на аудиција за новата сезона. Но, коментарите под објавата се главно сосредоточени на самиот Кауел.

„Не го коментирам изгледот на другите луѓе, но изгледа како лицето да му се топи“, „Изгледа некој заборавил да ги исклучи филтрите на ’Снепчет’,“ „Изгледа пластично, лажно. Дали тој носи маска?“, „Свети Боже, едвај го препознав!“ – се само дел од коментарите.

Кауел, инаку, нема еднаш претходно призна дека имал третмани, од 2016 година, бидејќи сакал да изгледа помладо… Но, отишол предалеку со ботоксот, така што и неговиот син се плашел од него, па вети дека нема веќе да го користи тоа.

фото:Инсатграм/Твитер

Останати вести од Радио Милева