Радио Милева
во негова корист

Пресврт во бракоразводната парница: Џони Деп може да ја добие на суд Амбер Херд?

Пресврт во бракоразводната парница: Џони Деп може да ја добие на суд Амбер Херд?

Актерот Џони Деп доби пресуда во бракоразводната постапка со Амбер Херд.

Откако се венчаа во 2015 година, Херд поднесе барање за развод и го обвини Џони Деп за насилство.

Актерот и неговите адвокати ги негираа обвинувањата тврдејќи дека Амбер сака финансиски да профитира. Но, наскоро беше постигната спогодба од седум милиони долари, за која Херд тврдеше дека ќе ги донира на Сојузот за граѓански слободи на САД и Детската болница во Лос Анџелес.

Сега Џони Деп се обидува да дознае дали Амбер ги исполнила ветувањата. Неговиот адвокат, Ендрју Калдекот, тврди дека ветената донација била „пресметана и манипулативна лага“, која „од самиот почеток имала за цел – уништување на Деп“.

Исто така тврди дека детската болница во Лос Анџелес му пишала на Џони Деп дека не е направено никакво плаќање.

Судот во Њујорк делумно го уважи барањето на правниот тим на Деп и ќе наложи американскиот Сојуз за граѓански слободи да објави документи кои потврдуваат дека Херд го исполнила својот дел од спогодбата.

Ако се докаже дека Амбер не го исполнила ветувањето, Џони Деп и неговите адвокати ќе имаат силен доказ во нивна корист.

Потсетуваме, откако беше постигната спогодбата, три години подоцна, актерот го тужеше бритаскиот таблоид „The sun“ поради написите дека ја злоупотребувал сопругата, а тоа доведе до судење во 2020та година кое актерот го загуби.

фото: Профимедиа

Останати вести од Радио Милева