Радио Милева
Неодолива

Преслатка: Водителката Милена за првпат ја покажа јавно новородената ќеркичка Јоана (фото)

Преслатка: Водителката Милена за првпат ја покажа јавно новородената ќеркичка Јоана (фото)

ТВ водителката Милена Антовска на ден Василица годинава на свет ја донесе својата втора ќеркичка која го носи името Јоана.

Иако мама Милена редовно ја покажува јавно својата прва љубов- ќерката Лана Марија, со помалата тоа не беше случај се досега.

Имено, мама Милена за првпат ја покажа на социјалните мрежи наследничката Јоана која полни пет месеци и е потпораснато бебенце кое насро освен со млеко ќе започне да се дохранува, а Милена како искусна мајка веќе го има направено изборот на кашички кои ќе бидат на менито покрај домашно приготвеното.

Јоана е преслатко бебенце, а веруваме дека сега е во периодот кога почнува се’ повеќе да ги препознава нештата, околината, луѓето околу неа.

Инаку,Милена за медиумите откри дека за разлика од породувањето со Лана Марија, овој пат поминала потешко и морала да има породување со царски рез бидејќи бебето се свртело во последен момент.

Сепак,мајките велат дека сите моменти од породувањето се забораат кога ќе го земат своето бебе во рацете.

Милена во месец октомври по завршувањето на породилното отсуство се враќа на работа пред камерите.

Останати вести од Радио Милева