Мегафон
театар

Премиера на претставата „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ

Премиера на претставата „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ

На 24 јуни (четврток), со почеток од 18 часот во МКЦ (Сала 25 Мај) ќе се одржи премиера на новата претстава од здружението Пресврт, насловена „Дневна доза мазохизам“. Следната изведба е закажана за следниот ден, 25 јуни (петок) со почеток од 20 часот.

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и oнлајн преку bileti.mkc.mk

ПРЕСВРТ е театарска група, која дејствува во доменот нa независната, вонинституционална театарска продукција, како и во доменот на театарската едукација. Идејата за вакво здружување на неколкумина млади артисти, активни во повеќе уметнички сфери (театар, танц, фотографија, книжевност), се развиваше цела година до нејзиното конечно формирање и јавно истапување на 23 октомври 2019. Пресврт, воедно претставува и платформа за вмрежување на студенти и театарски уметници од независната, вонинституционална домашна и меѓународна сцена.

Настанот ќе биде реализиран согласно протоколите за огранизирање настани во затворен простор.