Радио Милева
кој би рекол дека е истата?

Пред седум години и денес: Ѕвездичката Мартија Станојковиќ за само неколку години како растеше драстично се измени, а овие спомени сведочат за тоа (фото)

Пред седум години и денес: Ѕвездичката Мартија Станојковиќ за само неколку години како растеше драстично се измени, а овие спомени сведочат за тоа (фото)

Времето си мнинува многу брзо, а промените сакале ние или не, мора да доаѓаат. Оние кои пред некое време ни се чинеле мали, денес потпораснале, се смениле, па и обратно.

Мартија Станојковиќ (19), девојченцето со ангелски глас кое ја направи Македонија горда со својот талент на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“ во текот на 2015/16 година, а потоа не претставуваше и на детската Евровизија, денес веќе е девојка, има момче и одден наден станува се поатрактивна млада дама која плени со својата појава.

Редакцијата на Вистина.мк точно пред седум години непосредно разговараше со Мартија, а токму тоа време сведочи колку малечката денес се промени и порасна.

Мартија израсна во вистинска убавица, а на социјалните мрежи често знае да сподели некоја фотографија со која ќе ги истакне своите атрибути, но и ќе ја разбуди машката фантазија.

Многу често знае да се искоментира дека за годините често објавува многу разголени фотографии, а на ова Мартија своевремено во „Лазаров шоу“ одговори:

„Јас правам нешто што е пријатно, јас се чувствувам пријатно во тоа. Реално, да погледнете што позираат девојките на моја возраст, јас сепак сум јавна личност. И јас кога ќе објавам мислам дека е покоректно, а не објавувам нешто што е „too much“. Да не сум јавна личност, а изгледам како што изгледам, истото би го направила“, кажа Мартија.

Младата кумановка прерасна не само во убавица, туку и во еден од најдобрите, најперспективни и најнадежни македонски женски вокали која активно работи на својата кариера. Периодов настапува заедно со „Либеро бенд“ рамо до рамо со фронтменот на групата, Иван Јованов.

Згодна, атрактивна, шармантна, привлечна, сексапилна малечката кумановка плени каде и да се појави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Ситна, ама динамитна, Мартија допрва ветува за се’ она што стои пред неа, секако со вистинските избори и на вистинскиот пат.

фото:Инсатграм принтскрин/Мартија Станојковиќ/Вистина.ком.мк приватна архива

Останати вести од Радио Милева