Мегафон
трансфер од соништата

Пред потпис: Столе Димитриевски е новиот голман на Барселона?

Пред потпис: Столе Димитриевски е новиот голман на Барселона?

Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Ваљекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и таа што деновиве тој го комплетира трансферот на кариерата! Порталот „Екипа“ пишува дека само прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во големата Барселона. Веќе има договор, челниците на Рајо ги договорија сите детали, и сега останува само потпис и промоција. Според информациите, Димитриевски веќе се збогувал со соиграчите од тимот и сега трансферот од соништата е извесен.

Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови. Ќе треба да се бори за место во тимот со Тер Штеген, и покрај тоа што и иднината на Германецот е неизвесна и се шпекулира за неговото заминување.

Димитриевски сезонава брани фантастично, ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига. Одличната форма на Димитриевски го радува и селекторот Благоја Милевски пред баражот со Италија, зашто своите импресивни партии Столе ги прикажа и во репрезентативниот дрес и беше еден од најзаслужните што Македонија се пласираше во историскиот бараж.