Радио Милева
благодарение на бившата...

Пред да ја ожени Сузана, Саша Поповиќ бил во врска со оваа позната пејачка, а неговата сегашна сопруга, верувале или не, го фатила бидермаерот на нејзината свадба (ФОТО)

Пред да ја ожени Сузана, Саша Поповиќ бил во врска со оваа позната пејачка, а неговата сегашна сопруга, верувале или не, го фатила бидермаерот на нејзината свадба (ФОТО)

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ повеќе од две децении уживаат во хармоничен брак и не кријат дека нивната љубов и денес цвета.

Сепак, многумина дури и не се сеќаваат дека пред да ја запознае Сузана, Поповиќ бил во врска со познатата пејачка Злата Петровиќ.

Тие двајца беа заедно две години, па дури и по раскинувањето, останаа во добри односи.  Сузана еднаш дури и откри дека се омажила за Саша, благодарение токму на колешката Злата,  со која таа исто така е во добри односи.


„Злата ми помогна да се омажам за Саша! На нејзината свадба јас бев таа што го фати бидермаерот. Веднаш потоа се земавме со Саша!

Затоа велам Злата ми помогна, да не беше таа и нејзината свадба, можеби не ќе беше и мојата со Поповиќ“ – истакна еднаш низ смеа актуелната сопруга на доскорешниот газда на „Гранд“.

Фото: Инстаграм принтскрин/zlatapetrovic_fan/suzana__jovanovic__fp

Останати вести од Радио Милева