Радио Милева
нека трепка

Празници се ближат: Вики Миљковиќ се пофали со луксузниот стан и раскошната декорација (видео)

Празници се ближат: Вики Миљковиќ се пофали со луксузниот стан и раскошната декорација (видео)

Белград на вода е една од најпопуларните населби во главниот град на Србија. Иако се уште е млад дел од градот, за кратко време привлече големо внимание, па многу познати личности станаа сопственици на луксузни недвижнини со поглед на реката.

Меѓу нив е и Вики Миљковиќ. Популарната пејачка сака да биде подготвена за претстојните празници, па веќе почнала да го уредува својот дом. Пространата дневна соба е украсена со новогодишна елка речиси до таванот.

Додека од кујната доаѓаа мириси на колачи кои полека се печеа во рерна, фолк ѕвездата пееше во друштво на Дедо Мраз. Меѓутоа, таа имала и специјален асистент во уредувањето на домот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

Раскошните украси ги договорила заедно со синот Андреј Ташковиќ (16), кого не сака да го експонира во јавноста и медиумите, но сепак ова беше посебен повод, па го искористија за да се сликаат покрај накитената елка.

Тинејџерот, кој го има во брак со музичарот Драган Ташковиќ Ташке, минатата година доживеа непријатност кога се враќаше од тренинг, беше нападнат од мигранти.

Андреј, инаку, не покажува афинитети кон професијата со која се занимаваат неговите родители. Повеќе го интересира тенисот и тренира сериозно.

фото/видео: Instagram printscreen / viki_miljkovic

Останати вести од Радио Милева