Радио Милева
за убав спомен

Празнично расположение во домот на Емра Куртишова – актерката на мошне креативен и необичен начин и подготви мало изненадување на ќеркичката (фото)

Празнично расположение во домот на Емра Куртишова – актерката на мошне креативен и необичен начин и подготви мало изненадување на ќеркичката (фото)

Како и секогаш декември е резервиран за новогодишно украсување на топлите домови, а во тој студен зимски месец  украсите го креваат празничното расположение, но секако најзабавно и најинтересно им е на најмалите членови во семејството.

Актерката Емра Куртишова Стојанова која на публиката и стана позната по нејзината  улога на Исаура во серијата „Преспав“, неодамна ја сподели радосната вест дека таа и нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов го проширија семејството и ја добија ќеркичката Лена.

Тие двајцата сега за прв пат ќе ја дочекаат Новата Година во улога на родители.

Па така на убавата наследничка, меѓу првите, побрзаа да и подготват празнична атмосфера  но, на мошне креативен и необичен начин.

Овој пат Емра во тој празничен дух,  сподели две преслатки фотографиии, од кои едната беше со елката од нивниот дом,  и беше украсена со еден лампион на кој стоеше испишано името за кое тие се одлучија и му го дадоа на слаткото девојче, Лена.

Додека на другата беа само рачињата на малечката  кое сега е најголема инспирација на актерката за се’ што е убаво и весело.

Лена иако е малечка, веројатно се израдувала на убавиот лампион, кој ќе и остане како убав спомен од нејзините родители, а кога ќе порасне голема девојка со задоволство ќе го чува во кутијата полна со новогодишни украси.

Фото: Printskrin/Instagram/emra.kurtishova

 

Останати вести од Радио Милева