Радио Милева
празници се ближат

Празничен амбиент во домот: Миа Костова ја покажа новогодишната елка (фото)

Празничен амбиент во домот: Миа Костова ја покажа новогодишната елка (фото)

Празници се ближат. Останува нешто повеќе од пола месец до 31 декември односно до крајот на старата и почетокот на новата година.

Како што наближуваат новогодишните празници, се наближува и периодот за китење на новогодишните елки и украсување на домовите во новогодишно руво.

Некогашната македонска водителка  и сега инфлуенсерка Миа Костова е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии односно споделува совети, без влакна на јазикот го кажува своето мислење, рекламира одредени бреднови, одговара на прашања на следбениците.

Миа пред некој месец се пресели од Аеродром во Капиштец, а како што истакна тогаш се преселила поради нејзините работни обврски и поради училиштето на Андрија.

Како што наближуваат празниците, така познатите го покажуваат новогодишниот амбинет во нивниот дом

.Така и Миа сега покажа како изгледа новогодишната елка во станот во кој живее со Тијана и Андрија. Елката е модерно и богато украсена, а инфлуенсерката е подготвена за празниците.

 

Кој е следен кој ќе го покаже празничниното расположение и новогодишното дрво останува да видиме.

фото: инстаграм/миа костова/

Останати вести од Радио Милева