Љубов и Секс

Прашања кои ја откриваат состојбата на вашата врска или брак

Прашања кои ја откриваат состојбата на вашата врска или брак

Терапевтот Џани Адамо составил листа од 25 прашања кои можат да ја откријат вистинската состојба на вашата љубовна врска.

Прашањата се поделени во пет основни категории важни за иднината на секоја љубовна врска – чувства, потреби, комуникација, вредности и иднина.

Адамо советува со помош на овој тест да ја преиспитаме сопствената љубовна врска.

Одговорите на прашањата можат да ви покажат какви се вашите вистински чувства кон партнерот во моментот, дали се задоволени потребите на вашата врска, дали вашата комуникација е добра, дали споделувате исти животни вредности и дали имате иста визија за заедничка иднина.

Ако се сомневате во иднината на вашата врска, одговорете на прашањата и можеби ќе разберете каков е всушност вашиот љубовен живот.

ЧУВСТВА

1. Кога сме заедно, дали се чувствувам пријатно и среќно или тажно, збунето и фрустрирано?

2. Дали го почитувам партнерот таков каков што е или сакам да го сменам?

3. Дали ме почитува или не се грижи за моите чувства?

4. Дали го ценам неговото влијание врз мојот живот или се чувствувам искористено покрај него?

5. Кога ги споделувам моите мисли, чувства и грижи со него, дали тој ме слуша и одговара со емпатија или не ме доживува?

ПОТРЕБИ

6. Дали врската ни е подеднакво важна?

7. Дали сме секогаш еден за друг или морам да го бркам секогаш кога ќе ми треба?

8. Дали постои рамнотежа во нашата врска или јас сум партнерот што ја одржува врската во живот?

9. Дали моите потреби му се исто толку важни како неговите или ги игнорира моите на сметка на сопствените?

10. Дали го добиваме најдоброто еден од друг или се чувствувам како родител кој мора постојано да се грижи за него?

КОМУНИКАЦИЈА

11. Дали уживам во нашите разговори?

12. Дали ме разбира и ме следи кога разговараме?

13. Дали верувам во неговите зборови или се чувствувам изманипулирано?

14. Дали ги зема предвид моите погледи на светот кога нашите мислења се разликуваат или секогаш ме поткопува?

15. Може ли да му кажам „не“ без проблем или моето никогаш не се почитува?

ВРЕДНОСТИ

16. Дали имаме слични погледи на светот?

17. Дали останувам верна на моите ставови или сум ги изгубила во оваа врска?

18. Дали нашите животни стилови се совпаѓаат?

19. Дали е финансиски одговорен партнер и дали има план за својата иднина или живее од ден на ден?

20. Дали и двајцата ја цениме искреноста, отвореноста и посветеноста во врската?

ИДНИНА

21. Дали ме вклучува во неговите планови, одмори и семејни собири или јас сум неговата „тајна личност“?

22. Дали е секогаш јасен кога е во прашање што сака од животот или избегнува таков тип на разговор со мене?

23. Дали искрено му објаснив што очекувам од врската и што ми треба за да се чувствувам среќна?

24. Може ли да ми го пружи тоа?

25. Дали му е важна мојата среќа и дали тој се гледа себеси со мене во иднина или јас сум единствената која долгорочно се грижи за нашата заедничка среќа?