Живот и Стил

Практични, удобни и одговараат со сè: Овие чизми ќе бидат ултимативен тренд оваа сезона

Практични, удобни и одговараат со сè: Овие чизми ќе бидат ултимативен тренд оваа сезона

Модата оваа зима ќе биде во знакот на впечатливите бои и трендовите од 90-те години, а кога станува збор за обувките, ќе ви биде потребен само еден единствен модел – гумени чизми.

Гумените чизми одлично одговараат во комбинација со фустани, здолништа, но и тренирки. Станува збор за модел во кој се исплати да се инвестира бидејќи често ќе ги носите. Тие се практични, топли и удобни и се совршени за оние денови кога непрекинато врне или кога снегот ќе почне да се топи.

Дизајнерите оваа година особено се потрудија, па така на пазарот имаме најразлични модели – од оние еднобојните до оние со интересни шари и принтови.

Ниту трендсетерките не му одолеаја на овој модел, па Инстаграм е преплавен со фотографии на кои токму овие чизми ја играат главната улога.

Во продолжение ви претставуваме неколку предлози за стилизирање на овој модел на обувки – еве како можете да ги носите:

извор: кармин.точка.мк