Радио Милева
Среќна нова

Познатите со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2022 година (фото)

Познатите со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2022 година (фото)

Ја испративме 2021 година и ја дочекавме 2022 година. Некои ја дочекаа во своите домови без голема помпа, некои на плоштад, други во ресторани или на некое патување надвор од Македонија, но сите со една иста желба – да биде подобра и поубава година од претходната.

Македонските јавни личности кога се поклопија стрелките на часовникот и заврши одбројувањето, а некои и порано, ги земаа телефоните во раце и испратија честитка до своите пријатели, обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

Каролина Гочева

„Наздравје за остварени соништа и нови надежи“, напиша таа покрај објавата на својот „Инстаграм“.

Симона Поповска

„Среќна Нова година. Нека вашите соништа летаат во новата година“, напиша Симона покрај фотографија на која позира покрај новогодишна елка.

Игор Џамбазов

Игор и Илина Арсова позираа во пижами, а покрај фотографијата напиша:

„Среќна нова, Македонијо наша“.

Андријана Јаневска

Среќна Нова 2022 година. Да бидете сите на број, здрави, среќни и спокојни.

Александра Илиевска

Среќна и сончева нова 2022 година !На сите вас, среќа, здравје и успех во Новата година во која повторно ќе има предизвици и препреки меѓу нашите желби и плановите на универзумот. Со насмевка на лице да и кажеме здраво на оваа нова и убава година.

Пере Нокаут

Неке биде среќна,  убава и здрава новата година.

Ирена Спировска

Се што било лошо да заборавиме, за убавини да наздравиме. Среќна нова 2022 година.

Тијана Дапчевиќ

Другари, во новата година ви посакувам здравје, радост, среќа, љубов, слобода и мир. Живели, напиша Тијана покрај семејната фотогафија со Тамара Родевска, децата и нивната мајка.

Елена Ристеска

Среќна нова 2022 година. Најдоброто допрва доаѓа за сите нас.

Сузана Турунџиева

Во име на Атиџе (и во мое лично име) на сите добри луѓе им посакувам многу среќа и здравје во Новата 2022 година.

Нека биде ова година на безгранична поддршка, пријателство, љубов и надминување на сите препреки и недоразбирања помеѓу луѓето. Нека не нападне вирус на човечност, љубов и добрина и сите до еден да не зарази!!!!

Среќна Нова година и среќни празници!

фото: инстаграм/Стефан Николовски

Останати вести од Радио Милева