Радио Милева
никогаш заборавен

Познатите се сеќаваат: Jaвните личности со емотивни пораки по повод 14 години од смртта на Тоше Проески

Познатите се сеќаваат: Jaвните личности со емотивни пораки по повод 14 години од смртта на Тоше Проески

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 14 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

По повод 14 години од смртта на Тоше Проески, македонските јавни се огласија со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Весна Бејби Петрушевска

Актерката Весна Бејби Петуршевска на својот Инстаграм објави видео од гостување на Тоше во нејзина емисија, а Проески свири на клавир.

„14 години без тебе и пак врне… Оваа песна ми е особено драга од милион наши причини …па како се договаравте да ја отпеете, многу сакав заедно нешто да направите….има толку приказни за секоја наша средба…детали, насмевки, тајни, горчини ..си ги чувам за себе така е најарно. Те сакам до небото и назад, стои покрај објавата.

 

Каролина Гочева

Каролина на својот „Инстаграм“ објави видео на која ја пее песната „Илузија“, а покрај објавата напиша:

„Песнава му ја засакав уште кога ја слушнав демо снимката пред повеќе од 20 години… Можеби не е од неговите најголеми хитови, но мене секогаш ме враќа во едно преубаво време и ми буди прекрасни спомени… Напишана од чичко Кире (Костов)…Илузија. За Тоше“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

 

Игор Џамбазов

Игор Џамбазов објави фотографија од Тоше, а во опсиот напиша:

„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме“.

 

Калиопи Букле

Македонската пејачка Калиопи Букле објави галерија од фотографии со Тоше од времето кога настапувале заедно, а во описот напиша:

„И овој октомври нема боја откако замина ти засекогаш. Единствена боја се спомените во твојот боженствен глас кој го остави во своите песни, да не потсетиш дека ништо не поминува, зошто смртта сама по себе не е крај. Некако си тука, како никогаш да не замина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

 

Eлена Ристеска

Пејачката објави заедничка фотографија со пејачот, а во описот стави само едно срце.


Тамара Тодевска

Пејачката објави фотографија од Тоше проследена со поезија односно „Еден човек“ од Гане Тодоровски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Јелена Томашевиќ

Познатата пејачка објави фотографија на која таа е застана и гледа во фотографија од концертот на Тоше Проески.

Омар Џаферовски

Омар во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од починатиот пејач, а во описот напиша:

„Боли секој 16ти Тошка…“.

Огнен Здравкоски

Огнен објави фотографија со македонскиот пејач, а во описот напиша:

„Никогаш заборавен“.

фото: принтскрин/инсаграм/М.Анџела

Останати вести од Радио Милева