Радио Милева

Познатиот пејач две години криел дека боледува од тешката болест: „Го победив ракот“

Познатиот пејач две години криел дека боледува од тешката болест: „Го победив ракот“
фото: профимедиа

Британската рок ѕвезда Род Стјуарт објави по две години борба успеал да се излекува од ракот на простата, пренесува „AFP“.

Поранешниот член на групата „Faces“, 74 годишниот Стјуарт за својата болест проговорил кога почнале да се собираат пари за лекување на рак на простата, пренесуваат од здружението „Простата проект“.

фото: профимедиа

Род ги советуваше мажите да одат на редовни прегледи бидејќи болеста е излечлива доколку се открие на време.

Секоја година околу 50 000 британски мажи можат да заболат од рак на простата.

Останати вести од Радио Милева