Лице в Лице
приказни од зад сцената

Познатата манекенка и мисица Ана Брзанова открива: На 21-на година го победив канцерот, два пати бев на работ да се откажам (ВИДЕО)

Познатата манекенка и мисица Ана Брзанова открива: На 21-на година го победив канцерот, два пати бев на работ да се откажам (ВИДЕО)

Ана Брзанова е само уште една во низата убавици кои ја продолжуваат традицијата, дома да се враќаат со лента, дијадема и титула. Ана  со манекенство и моделинг се занимава четири години, време за кое учествувала на неколку интернационални натпревари во избор за мис, кои за неа преставувале огромно искуство во желбата за освојување на светските модни писти.

Младата убавица која важи за најдолгоногата мисица е студентка по финансиски менаџмент која работи како модел и учествувала на четири различни меѓународни натпревари за убавина.

Брзанова беше крунисана за Мис на Македонија за 2021 година во  јули годинава и ќе ја претставува Македонија на Мис на Светот.

Но покрај таа нејзина насмевка, се крие една многу тажна приказна. Имено, младата убавица иако има 21 година, досега два пати успеала да се избори со најтешката болест – канцерот. Сепак, овој животен предизвик не ја спречил да продолжи понатаму и да го живее животот со полни гради.

Својата животна приказна, за борбата со опаката болест, но и за досегашната кариера на манекенка, мисица и модел, како и за она што допрва ја очекува на изборите, пред камерите и фотобјективите, но и во приватниот живот, младата гевгеличанка отворено зборува пред камерата на најгледаниот „ТВ магазин од зад сцената – Бекстејџ“.

Останати вести од Лице в Лице