Радио Милева
на журка кај другарката

Познатата македонска манекенка се забавуваше на настапот на Тамара Тодевска: Катарина Ивановска е меѓу фановите на македонската музичка ѕвезда (фото)

Познатата македонска манекенка се забавуваше на настапот на Тамара Тодевска: Катарина Ивановска е меѓу фановите на македонската музичка ѕвезда (фото)

Тамара Тодевска  имаше настап во познатиот скопски ноќен клуб „Станица 26“ каде пред многубројната публика се појави облечена во заводливо издание.

Веќе подолго време многумина коментираат дека музичката ѕвезда изгледа подобро од било кога, а тоа го потврдува со убавата позитивна енергија и линијата која пред извесно време ја доведе речиси до совршенство кога е нејзиниот физикус во прашање, па сега гордо ја покажува.

Тамара во нејзината објава напиша дека таа и нејзиниот бенд навистина уживале и направиле уште една вечер за паметење:

„Каква вечер, фала Ви на сите кои бевте во „Станица 26“ и заедно направивме уште една вечер за паметење.
Бендот и јас навистина уживавме. Вие сте моја инспирација за сѐ што правам секогаш!“ – им порача пејачката на своие фанови, заблагодарувајќи им се за посетата и поддршката што од нив ј добива.

Во коментарите што се редеа прва се придружи и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, која гордо и напиша во нејзин стил:
„Убава на дада, љубов си ми“ – израз на сестрински емоции придружен со многу емотикони од срциња.

На нејзиниот настап меѓу многубројната публика уживаа и некои од јавните македонски лица, меѓу кои и познатата македонска манекенка, топ модел и пријателка на пејачката,  Катерина Ивановска.

Иако се шпекулираше дека  Тамара Тодевска и Катерина Ивановска не се во добри односи, бидејќи ги избришаа заедничките спомени од социјалните мрежи, тие сега докажаа дека тоа повеќе не важи или барем дека не ни било вистина?! А нешто и да имало, што и да било, било па поминало, па двете познати Македонки,  моделот и  пејачката  уште еднаш покажаа дека се верни пријателки.

Кај Катерина во кусите приказни на „Инстаграм“ се најде видео од настапот на Тамара од „Станица 26“, додека таа ја пееше песната „Немирна“, каде модната убавица  се забавуваше заедно со одбрано женско друштво.

Судејќи по видео приказните и фотографиите тие одлично си поминале, а публиката и публиката  која со ентузијазам ја слушаше изведбата на хитовите на Тамара, тоа го потврди.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тамара Тодевска/Катерина Ивановска

Останати вести од Радио Милева