Радио Милева гордост најголема

Повлекол комплетно на мама: Пркнаа наследниците на Даниел Кајмакоски, ама синчето е мамина копија (фото)

Повлекол комплетно на мама: Пркнаа наследниците на Даниел Кајмакоски, ама синчето е мамина копија (фото)

Откако се ожени по вторпат и стана татко на второ синче, а потоа и на ќерка, поп-пејачот Даниел Кајмакоски стана потранспарентен пред јавноста и медиумите.

Неговиот Инстаграм профил редовно е подновен со објави од најмалите и најмилите, па кај него како што е пракса за повеќето познати, нема ниту криење на наследниците, туку напротив тој преферира гордо да ги покаже пред сите.

Хармонијата никогаш поубава, љубов до плафон, но и предизвици со две мали дечиња кои како што вели, го однесоа во една нова и најубава животна авантура која штотуку започна.

Токму за овие убавини благодарен е на Бога, а секако и на сопругата која исто така често знае да ја возвиши преку емотивни коментари.

Па така, од најновите фотографии Даниел позираше со синчето Стефан кој има годинка ипол, а од приложеното може да се види дека малиот повлекол комплетно на мама Марина и е нејзина копија.

Следеше и фотка од малата Емилија која има полни три месеци, таа пак ги има светлите очи на тато.

За потсетување, Даниел и Марина се венчаа пред две години, а нешто подоцна откако се роди Стефан правеа и мала свадбена веселба во кругот на најблиските кога открија и дека ќе станат родители по вторпат.

Инаку, ова е втор брак за Даниел. Тој пред Марина која по професија е анестезиолог, беше во брак со мисицата Кристина Димитриевска, со која го има осумгодишниот син Давид.

фото:instagram printscreen/daniel_kajmakoski

To top